Берлин во битка со криминалот вреден 100 милијарди евра годишно

Берлин, 26 април 2017 (МИА) - Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле најавува офанзива против перењето пари, криминал кој што зема се поголем замав во земјата, јавуваат германските медиуми. За таа цел ќе ја користи германската царина која што добива нова задача а полицијата која има други приоритети ќе има помали овластувања во овој вид криминал.
- Со засилувањето на централната канцеларија за истражување на финансиски трансакции, царинската управа ќе се соочи со голем и важен предизвик, изјавил Шојбле при промоција на новите мерки за битка против перењето пари на аеродромот Келн - Бон.
И покрај тоа што се смета за една од најдобро организираните држави на светот Германија во финансискиот свет важи за „„Ел Дорадо“ за криминалците што се занимаваат со перење пари.
Професорот Кај Бузман од универзитетот Мартин Лутер во Хале кој долги години го истражува овој вид криминал смета дека годишно во Германија се перат околу 100 милијарди евра. Само во 2015 година властите регистрирале околу 30 илјади случаи на обиди за перење пари во земјата, пишува весникот Ханделсблат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...