ЕУ покрена правна постапка против Унгарија поради законот за високо образование

Брисел, 26 април 2017 (МИА) - Европската унија покрена правна постапка против Унгарија поради нејзиниот нов закон за високо образование, за кој критичарите сметаат дека има за цел затворање на универзитети кои ги основал милијардерот Џорџ Сорос.
Претседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис изјави денеска дека ЕК испратила „официјално известување“ до Владата на премиерот Виктор Орбан, што е прв чекор во правната постапка.
- Таквиот потег се однесува на длабинска правна процена, истакна Домбровскис.
ЕК оценува дека тој закон би можел да им наштети на европските права за давање услуги, но и на академската слобода и право на образование.
Европратениците денеска ќе расправаат за постапките на Владата на премиерот Орбан.
Унгарската Влада ќе има рок од еден месец да одговори, а врз основа на реакцијата од Будимпешта ќе бидат разгледани натамошните чекори.
Унгарија овој месец го усвои законот за високо образование, а ректорот на Централноевропскиот универзитет, кој е поддржан од Сорос, Мајкл Игнатиеф изјави дека тоа би значело дека неговиот кампус во Будимпешта можеби нема да може да прими нови студенти од 1 јануари.
Игнатиеф вчера упати апел за помош од Брисел, додавајќи дека е подготвен да ја брани институцијата која ја основал Џорџ Сорос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...