Претседателот на Грција му подари на Советот на Европа биста од Александар Велики

Стразбур, 26 април 2017 (МИА) - Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос се обрати во Парламентарното собрание на Советот на Европа, и притоа на на Советот на Европа му подари биста на Александар Велики, јавува дописникот на МИА од Стразбур.


Павлопулос беше најавен со комплименти пред говорот во ПССЕ:„Покажавте великодушност, мултукултурен дијалог и почит“, а тоа се однесуваше на справувањето на Грција со илјадниците бегалци.


Говорот на Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулоспред ПССЕ беше повеќе академско предавање за демократијата, отколку за реалните проблеми со кои се соочува неговата земја. Но, во говорот меѓу редови имаше неколку важни пораки. А една од пораките беше и подарокот кој Грција му го дава на Советот на Европа, копија од статуа на Александар Велики.


„Од името на Грција и на грчкиот народ, сакав да го донесам овде како подарок, како сигнал од Грција Александар Велики. Не за да ви кажам дека Александар е голема личност за таа епоха, туку за да ви кажам дека грчката цивилизација останува иста.


Ние Грците, никогаш не водевме освојувачки војни.Никогаш. Ние секогаш сме во одбрана на нашата независнот и нашиот суверенитет. Па дури и грците кои водеа освојуавање , бидејќи тие сакаа да зборуваат со други цивлизиации. Тоа беа освојување и експанзија на нашата цивилизација и говор на цивилизацијата.


Во овој немирен период ние знаеме колку соработката и соживотот на цивилизациите е динствената можност да се воспоставиме мирот насекаде во свето, Алекснадар Велики тоа го покажа. Има споменици кои го покажуваат тоа, колку Грците веруваа во цивилизациите и кои елементи можат да помогнат на човештвото да се оди нананперед. Тој симболизам кој грчкиот народ и јас лично, сакам да го одбележам со носењето во СЕ на оваа статуа на Александар Велики и се надевам дека во овој тежок момент, овај мал и симболичен подарок ќе го инпирира советот на Европа да ја исполни својата мисија, рече грчкиот претседател, кој зборуваше на француски јазик.


Торбјрон Јагланд се заблагодари за подарокот, и рече дека „Александар Велики не му припаѓа само на грчкиот народ, туку на целиот свет“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...