Колега на Меркел тврди дека западот стои зад државниот удар во Украина

Пратеникот Вили Вимер од редовите на германската Христијанско - Демократска Унија (ЦДУ) на канцеларката Меркел, тврди во 2014 година во Украина се случил државен удар што е дело на западните сили.

Вимер во изјава за изданието на германски јазик на рускиот интернет портал „Спутник“ вели дека санкциите против Русија за интервенцијата во Украина не се фер.

- Што се случи во Украина во 2014 година, воениот удар беше поддржан од крупниот капитал, големите инвеститори го подготвија, а западот го организираше, изјавил Вимер по средбата со претседателот на "Република Крим“ Сергеј Аксионов чија влада е призната само од Москва, пренесува дописникот на МИА од Берлин.


Вимер кој е поранешен државен секретар во германското министерство за одбрана а 33 години е пратеник во Бундестагот изјавата ја дал за време на денешната посета на Крим каде што отпатувал заедно со
група пратеници и бизнисмени од Германија и Австрија.

Ниту Вимер ниту неговите сопартијци од ЦДУ досега не ги демантираа изјавите објавени од руските медиуми за кои германските власти предходно предупредија дека би можеле да се вклучат во кампања за оцрнување на политичките партии и политичари во пресрет на изборите закажани за септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...