ПССЕ ја поздравува извонредна работа Комитетот за превенција на тортурата и дава предлози за поголемо влијание

Стразбур, 27 април 2017 (МИА) - Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја поздрави „извонредна работа" направена во последните 25 години на Европскиот комитет за спречување на тортура (КПТ) што доведе до значителни подобрувања во државите членки на Спветот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Парламентарците, исто така, истакнаа дека е постигнат значителен напредок „за подобрување на процедурите за избор, како на национално ниво така и во самото Собрание“.
„Голем број од државите членки сега овозможуваат однапред автоматско објавување на извештаите на КПТ по посетите како и на релевантните владини одговори на истите извештаи", додаваат тие, нешто што претставува позитивен развој.
Сепак, ПССЕ смета дека „има уште многу да се направи за да се подобри ефикасноста, авторитетот и влијанието на работата на КПТ". Во резолуцијата усвоена врз основа на извештајот на Жорди Џукла (Шпанија, АЛДЕ), Собранието направи серија на предлози за понатамошно подобрување на постапките за изборот на членови на КПТ, и промовирање на активностите и стандардите на Комитетот. ПССЕ, исто така го повика Комитетот на министрите на Советот на Европа, да се разгледува по итен случај јавните изјави на КПТ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...