Британија би можела да ја бомбардира Сирија и без дозвола на Парламентот

Лондон, 27 април 2017 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека Британија би можела да и се приклучи на САД против „сирискиот режим“, без претходно да побара и да добие дозвола од Парламентот во Лондон.
- Би било многу тешко да му се рече „не“ на претседателот Доналд Трамп доколку побара од Британија да се вклучи во акција против Башар ал Асад, ако тој одново изврши напад со хемиско оружје, истакна Џонсон.
Во разговор за радио Би-Би-Си, тој рече дека Британија не може одново да постапи како и пред четири години, кога пратениците во Долниот дом го одбија барањето на тогашната влада на Дејвид Камерон.
Во 2013 година, владата не доби „зелено светло“ за учество во планираниот напад, заедно со Американците врз Сирија, во операција што беше разбрана како акција за соборување на Асад од власт, онака како што две години пред тоа, беше тргнат од власта либискиот водач Моамер Гадафи.
„Доколку Асад одново употреби хемиско оружје, кое е забрането безмалку пред сто години, а САД се подготвени за напад и побараат Британија да им се приклучи, не ќе може да се одбие таквото барање, оцени министерот Џонсон.
На 6 април, САД извршија ракетен напад врз еден сириски воен аеродром како „казна“ за хемискиот напад врз град под контрола на сириските бунтовници, во провинцијата Идлиб.
Западот без исклучок, за нападот ги обвинува сириските воени сили и владата на Асад во Дамаск.
Изјавата на Џонсон дека владата би можела да го заобиколи Парламентот и да се вклучи со Американците во напад врз Сирија, остро е критикувано од опозициските лабуристи и либералдемократи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...