Британија не треба да има илузија околу Брегзит и преговорите со ЕУ

Берлин,27 април 2017 (МИА) - Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска во Берлин дека некои во Велика Британија „имаат илузии„ околу Брегзит и претстојните преговори со ЕУ за британското напуштање на Унијата.
Според Меркел, идните британско-европски односи ќе може да се разгледуваат и за нив да се направи спогодба, дури тогаш кога ќе се разрешат прашањата поврзани со Брегзит, а тоа е , пред се, британските плаќања во европскиот буџет што произлегуваат од британското напуштање на Унијата.
-Некои луге во Британија се уште имаат илузии околу преговорите и она што ќе се постигне- изјавила Меркел во германскиот Парламент, добивајќи силен аплауз од пратениците кога британските илузии ги нарекла како “залудно трошење време„.
Таа му порачала на Лондон дека „трета земја„ како што ќе биде третирана Британија по Брегзит, не може да има исти права, како и земјите членки.
-Сите 27 земји од Унијата, како и европските институции се согласни околу ова- изјавила Меркел.
Германскиот канцелар зборувала дека приоритет во преговорите треба да бидат статусот на државјаните на ЕУ во Британија и на Британците во Унијата, како и плаќањата на Британија во европскиот буџет.
Во Брисел се оперира со износ од околу 60 милијарди евра, на што во Лондон се одговара со неприфаќање на еден таков износ, што некои британски министри веќе го нарекоа „бесмислен„.
Околу три милиони ЕУ државјани постојано живеат во Британија, а над 1,5 милион Британци се низ земјите во Европа. Во Берлин се тврди дека на британската територија постојано живеат над 100 илјади Германци.
„За тоа какви треба да бидат односите на ЕУ со Британија и за тоа како ќе се спогодиме за нив, може да се преговара кога сите овие претходни прашања, директно поврзани со Брегзит, ќе бидат задоволително разрешени„- рекла Ангела Меркел во своето обраќање пред пратениците во германскиот Парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...