Никола Дипон Ењан е прва сериозна поддршка за Марин Ле Пен

Париз, 30 април 2017 (МИА) - Националниот Фронт и неговата кандидатка за претседател на Франција успеа за првпат да склучи изборен сојуз со друг претседателски кандидат кој доаѓа од редовите на десницата, во случајот тоа е кандидатот на „Франција стоечки“, Никола Дипон Ењан кој освои речиси пет отсто (4,7 отсто) од гласовите во првиот круг од претседателските избори, јави дописникот на МИА од Париз.
Неговата одлука да склучи сојуз со Марин Ле Пен ги изненади и предизвика зачуденост и во редовите на неговата партија. Од 2014 година, тој кој се претставува како следбеник на Де Гол, постојано држеше растојание од неа. Во минатото тој тврдеше дека сака да биде за Националниот Фронт она што „Франсоа Митеран беше за Комунистичката партија - да ја врати под Републиканскиот покрив".
Иако листата на дезертери од неговата партија кон Националниот Фронт и обратно, е долга, Ењан досега одбиваше било какви официјални сојузи.
- Дали сакате да и ја доверите Франција на семејството Ле Пен? Не, рече тој на 26 април 2014 година на телзвизијата Франс2, изјава на која денес се потсмеваат социјалните мрежи.
Никола Дипон Ењан дури ја исвирка Марин Ле Пен на својот последен митинг во Париз на 19 април, пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори.
Кандидатката на Националниот фронт, конечно ја совлада неподготвеноста на Ењан, десет дена пред вториот круг од претседателските избори, а разликата во анкетите со својот конкурент Емануел Макрон се намалува од ден на ден.
Многумина политичари ја осудија одлуката на Дипон Ењан, а посебно во неговиот град каде е градоначалник и каде се одржа спонтан собир пред општината.
Националниот Фронт и Марин Ле Пен, планираат ако победат на претседателските избори да го назначат Дипон Ењан за премиер на Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...