„Дејли Телеграф“: Изборот на Макрон е неповолен за Британија и Брегзит

Изборот на центристот Емануел Макрон претставува надеж за Франција, но тоа ќе биде неповолно за Британија, кога ќе почнат преговорите за Брегзит, пишува проконзервативниот британски „Дејли Телеграф“.

Весникот кој традиционално е близок на партијата на премиерот Тереза Меј како неповолно за Британија го смета тоа што Макрон е силен застапник за силна и обединета ЕУ.

-Неговата определба уште во првото обраќање како избран претседател на Фанција, дека ќе работи за обединувањето на Франција, но и за зајакнувањето на сега растресената ЕУ, не е она што би посакувала Меј, кога идниот месец треба да ги започне преговорите за Брегзит- забележува весникот, предупредувајќи дека со Макрон нема да има лесно и безбрижно излегување од ЕУ.

Другите проконзервативни весници кои агитираа за Брегзит, потсетуват дека Британија, Меј и британските преговарачи, сега ќе треба да се соочат со ситуација која нема да му обезбеди на Лондон, „успешно напуштање на Унијата„ како што тоа постојано и се зборува на британската јавност.

За новиот француски претседател, најмлад по Наполеон, во Лондон се потсетува дека е поранеше инвестициски банкар кој работел во „Ротшилд„ банката, дека е проглобалист и противник на национализмот и популизмот, што ја прави задоволна ЕУ, барем во погоемиот број од земјите-членки.

Проториевскиот „Дејли Меил„ сепак, предупредува дека Емануел Макрон, во една поранешна своја изјава има речено дека британското излегување од ЕУ, претставува „криминал„ по што не го прави различен од ниту еден од водечките француски политичари, или од досегашниот шеф на државата, Фрасоа Оланд, освен од поразената Марин ле Пен.

Уште по покренувањето на член 50 од Лисабонската спогодба, на крајт од март, беше јасно дека преговорите за Брегзит ќе почнат по изборот на новиот француски претседател, во текот на мај, но сега се поместени за средината на јуни, по британските предвремени избори од 8 јуни.

Експерти за Европа во Лондон веруваат дека вистинскиот дијалог меѓу Британија и ЕУ ќе почне дури по изборите во Германија, во септември годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...