Демохристијаните на Меркел победија на изборите во Северна Рајна - Ветсфалија

Берлин, 15 мај 2017 (МИА) - Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел победија на вчерашните регионални избори во сојузната покраина Северна Рајна - Вестфалија, јави ДПА.
Според првичните резултати, конзервативната Христијанско демократска унија (ЦДУ) на Меркел освои 33 отсто од гласовите, а левоцентристичката Социјалдеморкатската партија на Германија (СПД) доби 31,2 проценти.
Победата на ЦДУ во најнаселената германска покраина ја зајакнува позицијата на Меркел во нејзиниот обид да освои четврти мандат на федералните избори во септември.
Изминатите месеци нејзината партија победи на изборите во уште две покраини Сар и Шлезвиг Холштајн.
Победата на демохристијаните во Северна Рајна - Вестфалија става крај на седумгодишното владеење на СПД во покраината и претставува тежок пораз за социјалдемократскиот кандидат за канцелар Мартин Шулц.
Резултатот од изборите во Северна Рајна Вестфалија може да доведе до составување коалиција меѓу партијата на Меркел и социјалдемократите.
Друга можна варијанта за владеење во покраината е коалиција меѓу демохристијаните и слободните демократи, кои според првичните резултати освоиле 12,6 отсто од гласовите.
Вчерашните избори беа вистински пораз за досегашниот коалициски партнер на социјалдемократите во оваа покраина, партијата Сојуз 90/Зелени, која освои едвај 6,4 проценти од гласовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...