Курц избран за лидер на Австриската народна партија

Виена, 15 мај 2017 (МИА) - Раководството на Австриската народна партија (ОВП), помалиот партнер во коалциската Влада во Виена, синоќа го избра министерот за надворешни работи Себастијан Курц за нов партиски лидер.
Се смета дека 30-годишниот Курц е најдобрата шанса партијата да го зголеми рејтингот и да ја надмине екстремнодесната Австриска партија на слободата (ФПО), која води во анкетите, а по неа се социјалдемократите на канцеларот Кристијан Керн.
Курц на вчерашната прес-конференција изјави дека неговата партија сака предвремени избори во септември.
Новиот лидер на ОВП изјави дека денеска ќе се сретне со претседателот на државата и со канцеларот и лидер на социјалдеморатите за да разговараат за датумот на изборите.
Курц застана на чело на партијата, откако вицеканцеларот и нејзин претходен лидер Рајнхолд Митерленер поднесе оставка и од двете функции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...