Во нападот во Манчестер загинаа 22 лица, напаѓачот мртов

Манчестер, 23 мај 2017 (МИА) - Шефот на манчестерската полиција Јан Хопкинс изјави денеска дека во експлозијата, која се случи синоќа, на крајот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер арена, загинаа 22 лица, а 59 се повредени.



Меѓу загинатите има и деца.

Според Хопкинс, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата, загинал во експлозијата и оти тој сам го извел нападот, јавува „Гардијан“.

Полицијата верува дека напаѓачот носел импровизирана експлозивна направа и оти истрагата ќе утврди дека тој бил дел од некоја терористичка мрежа.

Ирачкиот Интернет портал „Ахбар Ирак“, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Приврзаници на џихадистичката групација Исламска држава утринава на социјалните мрежи го поздравуваат синоќешниот смртоносен бомбашки напад во британскиот град Манчестер, пренесува БТА.



- Изгледа бомбите на британската Авијација врз децата на Мосул и Рака тукушто се вратија и паднаа во Манчестер, напиша јавно извесен твитерџија со име Абдул Хак.

Улиците околу Арената каде се одржа концертот и натаму се затворени, а присутен е и голем број припадници на полицијата и антитерористичките единици, кои и натаму го пребаруваат теренот.

Британската премиерка Тереза Меј соопшти дека свикува за во 9 часот по локално време во Лондон вонредна седница на владината комисија „Кобра“ поради синоќешната експлозија во Манчестер.


Иницидентот таа го нарече „ужасен терористички чин" и истакна дека нејзините мисли се со повредените и со семејствата на сите жртви.

Британскиот премиер Тереза Меј и лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин постигнаа спогодба да ја прекинат изборната кампања по терористичкиот напад во Манчестер.

Корбин посочи дека разговарал со Меј по експлозијата на концертот на американската пејачка Аријана Гранде и двајцата се согласиле дека кампањата за предвремени парламентарни избори на 8 јуни треба да биде прекината се додека не се постигне договор за продолжување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...