Туск: ЕУ и САД имаат несогласувања во однос на Русија

Брисел, 25 мај 2017 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по средбата со американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека не е сосема уверен дека денес може да каже дека САД и ЕУ имаат заеднички став за Русија.

- Во однос на Украина изгледа дека сме на иста позиција, нагласи тој и додаде дека некои прашања остануваат отворени - за заштита на природата и за трговијата.

Тој истакна дека ЕУ и САД имаат усогласени ставови во однос на прашањето за борба против тероризмот.

- Главната порака што сакам да ја упатам е дека она што ги прави нашата соработката и пријателство длабоки се заеднички вредности на Западот - слободата, човековите права, почитување на човечкото достоинство.

Најголемата задача денеска е обединување на слободниот свет околу тие вредности, а не само околу интересите, рече Туск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...