Трамп повторно и се заканува на Германија

Берлин, 26 мај 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги зголемува тензиите со својот главен европски партнер откако вчера во Брисел се заканил дека ќе го блокира извозот на германски автомобили во САД, пишуваат германските медиуми.
Весникот „Шпигел“ цитира неименувани дипломатски извори кои тврдат дека вчера на средбата со европските лидери Трамп остро ја нападнал Германија, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
- Германците се лоши, многу лоши. Видете ги милионите автомобили кои што ги продаваат во САД. Тоа е ужасно, според германските магазин изјавил Трамп во врска со трговскиот суфицит на Германија.
Трамп изјавата ја дал откако претседателот на Европската Унија Жан Клод Јункер и шефот на Европскиот совет Доналд Туск искажале силна поддршка за Германија во однос на ова прашање.
По преземањето на функцијата претседател на САД Трамп најави дека ќе воведе 35 отсто царина за сите автомобили што Германија ќе ги извезува во Америка, дури и за тие произведени во Мексико, држава со која Вашингтон има договор за слободна трговија.
Германија е третиот најголем извозник на стоки во светот со вкупен трговски суфицит од 282 милијарди евра за 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...