Премиерот Тереза Меј го загрозува мировниот процес во Северна Ирска

Лондон,16 јуни 2017 (МИА) - Претседателот на сеирската, републиканска -католичка партија Шин Феин, Џери Адамс изјави дека британскиот премиер Тереза Меј го загрозува мировниот процес во Северна Ирска, со настојувањето да обезбеди договор за поддршка од северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) за својата малцинска влада.

Адамс се сретна и разговараше со Меј околу ситуацијата што е создадена по предвремените парламентарни избори во Британија од 8 јуни, на кои британските конзервативци го загубија мнозинството во Парламентот.

По средбата во Лондон, Адамс го повтори противењето на Шин Феин за правњето на еден ваков договор со ДУП, означувајќи го тоа како „закана и за кревкиот мир„ во Северна Ирска.

Тој смета дека со договорот со ДУП , владата во Лондон ја губи позицијата на „непристрасен и независен„ посредувач и контролор на мировниот процес, што ја има според одредбите на спогодбата од Велики петок во 1998 година, заедно со владата на Република Ирска.

-Наместо да ги надгледува состојбите во Северна Ирска и да посредува во кризни ситуации, британската влада се поврзува со една од страните во мировниот процес, со најголемата унионистичка- протестантска партија, од која треба да зависи владиниот опстанок- вели Џери Адамс.

Премиерот Меј, инсистира дека договорот со ДУП го манифестира „единството на земјата„ залагајќи се за обединетост на Британија, пред почетокот на преговорите со ЕУ, за Брегзит.

Шин Феин и другите партии во Белфаст, меѓутоа, ги отфрлаат таквите објаснувања на Меј, тврдејќи дека се прикршуваат одредбите од спогодбата, постигната пред 19 години.

Вакви предупредувања доаѓаат и од британската политичка сцена. Поранешниот премиер, ториевецот Џон Мејџор јавно и порача на Меј дека договорот со ДУП не и носи добро на Северна Ирска, а со слична реакција се огласи и некогашниот министер за Северна Ирска, лабуристот Питер Хеин.

ДУП денеска соопшти дека „нема краен рок„ за постигнување договор со конзервативците на Меј.

Тоа значи дека преговорите кои неочекувано се оддолжија, продолжуваат , иако од партијата на премиерот Меј највуваа дека работите би можеле да бидат завршени во текот на денешниот ден.

Меј нема голем маневарски простор, па доколку нема договор со ДУП, може да бара нов партнер, а него го нема во сегашниот Парламент, да го врати мандатот, што би го презел лидерот на лабуристите Џереми Корбин, или да се оди на нови парламентарни избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...