Убедлива победа на партијата на Макрон на изборите во Франција

Париз, 19 јуни 2017 (МИА) - Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката напред (РЕМ) по вчерашниот втор круг на парламентраните избори во Франција освои 308 пратенички места, со што заедно со 42 пратеници на нејзиниот коалициски партнер, Демократското движење (МоДем), т.н. „претседателско мнозинство“ обезбеди апсолутно мнозинство во Националното собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, новото „претседателско мнозинство“ освои 60,6 отсто од местата на Националното собрание кое брои 577 пратеници, што сепак е помалку од предвидувањета на агенциите за испитување на јавното мислење.

Победата на центристичката партија на претседателот Макорн, по малку падна во сенка од слабиот одѕив на изборите, кој изнесуваше само 42,65 отсто.

Најмоќна опозизициска сила во идниот француски Парламент ќе биде блокот предводен од конзервативната партијата Репубиканците (ЛР) со освоени 130 пратеници, од кои 17 се од редовите на помалиот коалициски партнер демохриситијанската Унија на демократите и независните (УДИ).

Блокот на Социјалистичката партија (ПС) и Левата радикална партија (ПРГ), кои досега имаа 280 пратенички места и беа најбројна политичка група, во новиот состав на Националното собрание ќе има 33 пратенички места, од кои 30 за социјалистите и само три за радикалите, што претставува историски пораз на умераната левица.

Левичарската партија Бунтовна Франција освои 17 партеници, а Француската комунистичка партија (ПЦФ) 10.
Екстермно десничарскиот Национален фронт (ФН) освои осум пратенички места, меѓу кои и партискиот лидер Марин Ле Пен, која најверојатно ќе се откаже од мандатот во Европскииот парламент.

Другите партии освои вкупно осум пратенички места.

Во новиот состав на Парламентот, 38,65 отсто од пратениците се жени, што претставува рекорд на застапеноста на жените во Долниот дом.

Шесте министри од Владата на Емануел Макрон кои беа кандидати за пратеници беа избрани за членови во Парламентот, меѓу кои и премиерот Едуар Филип.

Првиот секретар на Социјалистичката партија, Жан Кристоф Камбаделис кој доживеа пораз во неговата изборна единица во Париз, поднесе оставка од функцијата, а пратенички мандат освои и поранешниот премиер Мануел Валс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...