Курц: Да се запре умирањето во Медитеранот

Виена, 22 јуни 2017 (МИА) - Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц се залага за драматично намалување на имиграцијата со цел успешно да се спроведе интеграцијата на имигрантите. Тој истакнува дека во моментот еден милион луѓе има во бегалските кампови во Либија кои се подготвени да тргнат на опасен пат кон Европа.
- Ако тие тргнат на тој пат ќе ги наведат и другите, така ќе нема крај на умирањето во Медитеранот, оценува Куртц.
Тој во дискусија организирано од виенскиот дневен весник „Курир“ истакна дека критиките упатени кон Виена поради барањето за ограничување на миграцијата се неоправдани бидејќи Австрија секогаш примала повеќе бегалци отколку Италија и Грција заедно.
- Во Италија и Грција доаѓаат голем број бегалци, но тие таму не остануваат, наведе Курц додавајќи дека распределбата на мигранти во Европа не функционира и го наведе примерот со Романија, каде има регистрирано најмал број бегалци кои сакаат да останат во таа земја.
Австрискиот министер за надворешни работи го повтори барањето за затварање на медитеранската рута по примерот на балканската.
Тој оцени дека покрај граѓанските војни, корупцијата и сиромаштијата, зголемениот наталитет на Африка е најголем проблем, а со тоа и најголема закана во Европа. Курц потсети дека во Африка живеат околу една милијарда луѓе, до средината на векот нивниот број ќе се искачи до две милијарди, а до крајот на векот - четири милијарди.
- Поради тоа не смее да се свртува погледот од ситуацијата во Средоземно Море, каде страдаат голем број имигранти туку мора да се размислува и за тие кои на пат до Либија умираат од жед. Тоа е огромен број за што дури нема ни процена, истакна Курц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...