Околу 600 станбени згради во Британија со слична фасадна обвивка како и изгорената кула во Лондон

Лондон, 22 јуни 2017 (МИА) - Околу 600 станбени блокови и повекекатници низ Велика Британија имаат иста или слична фасадна обвивка, како и онаа вградена во опожарената кула „Гренфел Тауер“ во западен Лондон.
Во тек е деталната проверка на сите досега обновени станбени згради и на оние чија обнова се уште трае, а првичните резултати покажуваат дека во три објекти се вградени сосема истите материјали, како и во повеќекатницата во Лондон во чиј катастрофален пожар од 14 јуни, досега е утврдена смртта на 79 лица.
Британската премиерка Тереза Меј во обраќање во Долниот дом на Парламентот денеска рече дека постојат реални сомнежи оти токму несоодветните материјали употребени при префасадирањето на станбената кула, е главниот виновник за брзото ширење на огнот.
- Проверката е во тек. Се проверуваат сите згради кои се означени како сомнителни и сигурно е дека ниту еден камен нема да биде оставен, непроверен, рече Меј.
Таа доживеа остри критики за своето однесување кон катастрофалниот пожар, а посбно за „студениот однос и незаинтересираноста“ кон жртвите и преживеаните кои сега се бездомници. При последната посета на целосно опожарената кула, таа се соочи со силниот револт на станарите и на роднините на загинатите.
Меј денеска ја презеде врз себе одговорноста за катастрофата, потврдувајќи дека затоа и наредила јавна истрага за пожарот во обновената станбена зграда, за чие разубавување се потрошени 8,6 милиони фунти.
Глваната цел на истрагата треба да биде како е изведена обновата на објектот и што е причината за големата брзина со која се ширеше пожарот, ставајќи ги во невозможна ситуација противпожарните екипи.
Првите тестови на изгорената станбена кула, како и на телата на некои од жртвите, покажале дека дел од нив починале од задушување од токсичните гасови што се ослободиле од силниот оган.
Станува збор за отровниот хидроген цијанид, кој се верува дека се ослободил од материјалите вградени во новата фасадна обвивка од 15 сантиметри со пластична пена, ставена меѓу две алуминиумски фолии.
Експерти тврдат дека самата пена е запалива, но фолиите од алуминиум требало да го запрат огнот.
Изјавата на Меј во Парламентот за пожарот во Лондон, доаѓа со оставката на претседателот на Советот на општината Кенсингтон-Челси, Николас Холгејт, на чија територија се наоѓа сега целосно изгорена станбена кула.
Тој и општинските власти беа обвинувани за слабата реакција и несанаоѓањето во врска со пожарот, која освен најмалку 79 мртви , ги остви другите станари без дом за живеење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...