Фајненшл Тајмс: Тереза Меј не ке може да го спороведе процесот на Брегзит

Лондон, 23 јуни 2017 (МИА) - Британскиот премиер Тереза Меј не ќе може да го спроведе процесот за излегување на Британија од ЕУ, со сегашниот состав на Парламентот во кој таа и нејзнините конзервативци немаат мнозинство, но и затоа што постои поделеност во владиниот кабинет, пишува „Фајненшл Тајмс“, повикувајќи се на изјави на неименувани британски дипломати.
Овие извори за весникот рекле дека понудата на Меј до европските лидери на Самитот на ЕУ, околу можноста мигрантите од Унијата да останат во Британија, само ја покажува нејзината „слаба позиција и исплашеноста“ во обидот на Лондон да ја поврати иницијативата околу Брегзит.
Проториевскиот „Дејли Меил“ кој станува критичен кон Меј по нејзниниот неуспех на предвремените парламентарни избори на кои таа го загуби мнозинството во Парламентот, ја користи вчерашната понуда до ЕУ за мигрантите од земјите членки, за да констатира дека таа ќе остане во Даунинг стрит 10 додека не заврши процесот за Брегзит.
Британската јавност е изненадена што премиерот Меј се определи, само пет денови по отворањето на преговарачкиот процес за Брегзит, да реагира со понуда до ЕУ за прашање кое во Брисел е прво на агендата за преговорите.
Според анализите во медиумите, тоа претставува обид на премиерот да ги задржи за себе проевропските конзервативци после изборите, на кои Британците покажаа страв и резереви за иднината по напуштањето на ЕУ.
Проопозициските весници ,меѓутоа, сметаат дека брзата реакција на Меј е резултат на притисокот на кој таа е изложена за преземање „помалку борбена позиција“ кон Унијата.
Тоа треба да значи дека Лондон навистина сака да има пријателски односи со ЕУ, откако целосно ќе се повлече , па затоа и уследила оваа „великодушна“ британска понуда за останување на европските мигранти, во Британија.
Медиумите кои ја предводеа антиевропската и антиимиграциската кампања, пред референдумот, што се одржа на денешен ден пред една година, тврдат дека Меј и Британија не биле попустливи кон Брисел и дека таа , всушност, се закани за оти ќе бидат „протерани новодојдените мигранти“ од ЕУ, доколку земјите членки на Унијата инсистираат, Европскиот суд за човекови права да се „меша во британските работи“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...