Европа и миграциите во фокусот на пленарната летна сесија на ПССЕ

Стразбур, 26 јуни 2017 (МИА) - Европа и миграците ќе бидат во фокусот на пленарната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) што се одржува во Стразбур од 26-30 јуни 2017 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
На пленарната сесија ќе бидат разгледани четири извештаи во среда 28 јуни, кои се однесуваат на хуманитарните и политичките одговори на кризата на миграцијата, влијанието на човековите права од европскиот одговор на транзитната миграција, миграцијата како шанса за европски развој и интеграција на бегалците во време на силен притисок.
Во дебатата, покрај парламентарците од 47 земји членки ќе земат учество уште и Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа; Јоргос Каминис, градоначалникот на Атина; Нилс Муижниекс, комесарот за човекови права на Советот на Европа и Морган Јохансон, министерот за правда и миграција на Шведска.
Меѓу другите точки на дневиот ред на ПССЕ, се предвиени уште и признавањето и спроведувањето на принципот на одговорност на ПССЕ, промовирање на интегритет во владеењето во борбата против политичката корупцијата и парламентарната контрола на корупцијата.
Предвидени се исто така и дебати за ситуацијата во Белорусија и политичкото влијание врз независните медиуми и новинари.
Павел Филип, премиерот на Република Молдавија, како и Душко Марковиќ, премиерот на Црна Гора ќе треба да одржат говор пред парламентарците, додека Лубомир Заорлек, министерот за надворешни работи на Република Чешка, ќе се обрати ПССЕ во својство на претседавач со Комитетот на министрите на СЕ.
Дел од парламентарците поднесоа барање за ургентна дебата за "Заедничката европска борба против тероризмот - успеси и неуспеси".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...