Германскиот пасош е „насјилен“, со македонскиот без визи во 108 држави

Лондон, 27 јуни 2017 (МИА) – Според рангирање на Паспорт индекс, најдобри се германските и сингапурските пасоши со кои без виза може да се патува во 159 држави.

Според Паспорт индекс, најголема слобода за патување во светот имаат Германците и жители на Сингапур, кои со својот пасош немаатпотреба да вадат визи и да посетат дури 159 држави. Вредноста на пасошот се одредува според низа параметри, но најважни се визите.

Хрватите може да патуваат без визи во 144 држави, Словенците во 150, Србите во 112. Македонците може да патуваат без визи во 108 држави. Додека жителите на БиХ - 101, и Црна Гора во 105 држави.

Во почетокот на годината со сингапурски пасош можеше да се патува во 157 држави со германскиот во 158, а сега државите се изедначени.

Пасошот на САД кој до пред две години беше „најсилен“, сега не е ни меѓу првите 10. Тие места се за европски држави со исклучок на Сингапур и Јужна Кореја која е на 4-то место. Трета е Шведска, а од петтото до 10 место се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија и Норвешка. Русите може да патуваат без визи во 107 држави, државјаните на Кина во 58.

Жителите на Авганистан може да патуваат само во 22 држави без визи, а меѓу петте „најлоши“ се и Пакистан, Ирак, Сирија и Сомалија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...