ОН: Напредок во преговорите за Кипар во Кран Монтана

Женева, 1 јули 2017 (МИА) - Има напредок по прашањето за повторно обединување на Кипар, соопшти портпаролот на ОН во соопштение лиферувано по серијата вчерашни средби на високо ниво во швајцарското одморалиште Кран Монтана, пренесоа француските медиуми.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, имаше „многу конструктивни“ средби со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, како и со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканџа, посочи портпаролот на Гутереш.

За време на својата 24-часовна посета на Кран Монтана, која ја напушти денеска, Гутереш, исто така, се сретна и со претставници на земјите гаранти на безбедноста на островот - Грција, Турција и Велика Британија, и со претставници на ЕУ.

- Се создаде взаемно разбирање за пакетот што би можел да доведе до глобално решение на кипарскиот проблем, посочи портпаролот по синоќешната средба на Гутереш со шефовите на делегациите.

Генералниот секретар на ОН, освен тоа изјави дека е „многу ангажиран“ во напорите за „постигнувањето глобално решение за населението на Кипар“, додаде портпаролот.

Пред оваа серија средби Гутереш ги повика лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци да ја искористат „историската можност“, што ја даваат сегашните преговори во Швајцарија.

Новиот круг преговори за повторно обединување на Кипар почна во средата во Кран Монтана со присуство на кипарскиот претседател и лидерот на кипарските Турци, како и на претставници на земјите гаранти на безбендостана островот.

Според грчки извор, се очекува преговорите да продолжат и следната недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...