Средба на Ангела Меркел со принцот Вилијам

Берлин, 19 јули 2017 (МИА) - Британскиот принц Вилијам, кој заедно со сопругата Кетрин „Кејт“ Мидлтон престојува во тридневна посета на Германија, денеска во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел.
Вилијам и неговата сопруга, кои имаат официјални титули војвода и војводка од Кембриџ, по средбата имаа приватен ручек со Меркел во седиштето на германската Влада.
Во текот на разговорот, станало збор за состојбите во европската политика, за повеќе глобални прашања и за добротворната работа.
Вилијам и Кејт во Берлин ги посетиле и Бранденбуршката порта и локалниот Музеј на холокаустот.
Предвидено е младата британска кралска двојка да го посети и градот Хајделберг, стар универзитетски центар во Германија, кој е збратимен со британскиот универзитетски град Кембриџ.
Заедно со принцот Вилијам и неговата сопруга, во Германија се и нивните две деца, младиот принц Џорџ и неговата сестра, принцезата Шарлот.
Вилијам, војводата од Кембриџ, е вториот во редот на претендентите на британскиот престол, веднаш по неговиот татко, принцот Чарлс.
Пред Германија, Вилијам и Кејт беа во посета на Полска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...