Франција сака светските сили да влезат во контакт групата за Сирија

Париз, 19 јули 2017 (МИА) - Франција сака светските сили, кои се вовлечени во сириската криза да се приклучат кон контакт групата, која ќе упати предлог кон завојуваните страни во обид да се излезе од слепата улица во преговорите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан Ин ле Дриан, во интервју за вебстраницата cnews.fr.
Изборната победа на Емануел Макрон му даде можност на Париз да ја преразгледа политиката за Сирија. Се предлага да биде отфрлен условот за повлекување на Башар ал Асад како претседател на Сирија за да се водат преговорите. Сепак француската страна не предвидува тој да остане долго на таа функција.
Сега Франција сака доближување на позицијата со американската, во која приоритет е борбата против тероризмот и стремежот кон подобри односи со Русија. Така Франција може да преземе контрола на посредник меѓу двете големи сили.
Во интервјуто Ле Дриан не прецизира какви нови предлози може да бидат направени кон фракциите во Сирија или каков да биде составот на контакт групата, ниту кажува како сето тоа ќе се одрази на обидите за постигнугвање мир под покровителство на ОН, кои неколку години не бележат видлив напредок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...