Лорд Хезелтајн: Кризата на британската Влада е од „траумите од Брегзит“

Лондон, 19 јули 2017 (МИА) - Поранешниот британски заменик премиер и актуелен член на Горниот дом на Парламентот во Вестминстер, лорд Хезелтајн изјави дека актуелната криза во Владата на премиерката Тереза Меј е последица на решението на Велика Британија да ја напушти ЕУ, како и на „траумите поради Брегзит“.
Хезелтајн, кој беше дел од конзервативната Влада на Маргарет Тачер, смета дека во вакви услови во кои се наоѓа сегашната влада, не се овозможува нејзино стабилно функционирање.
Неговата изјава доаѓа по признанието на Меј дека постојат несогласувања и поделби меѓу министрите околу Брегзит и нејзината закана дека ќе почне со дисциплинирање на „непослушните“ министри, а посебно на оние кои овозможуваат во јавноста да се појават приватни разговори и мислење за работите околу напуштањето на ЕУ.
На еден затворен состанок на министрите и пратениците од Конзервативната партија, Меј побарала смирување и единство.
Ториевските пратеници и порачале на Меј дека не треба да чека со употребата на остри мерки кон сите министри кои дејствуваат против британските интереси кога станува збор за Брегзит и идните односи со ЕУ и дека тие и даваат целосната поддрша за ваквите мерки.
Лорд Хезелтајн, меѓутоа, не верува дека апелот на Меј ќе дојде до оние до кого е упатен.
Тој смета дека Меј е во подредена положба по неуспехот на предвремените парламентарни избори од 8 јуни на кои конзервативците го загубија мнозинството во Парламентот.
Хезелтајн верува дека актуелната премиерка не може да го издржи до крај мандатот, па предвидува дека таа и нејзнината малцинска Влада ќе бидат соборени во следните две години, а можеби уште пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Мајкл Хезелтајн познат во британсата политичка јавност како „човекот кој ја собори од власт Тачер“, организирајќи партиски пуч против дотогашната „челична леди“.
Иако се очекуваше тој да ја наследи во Даунинг стрит 10, по смената на Тачер за лидер на партијата и за нов премиер беше избран Џон Мејџор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...