Рјабков: САД нема да ги укинат санкциите макар и се да исполниме

Москва, 19 јули 2017 (МИА) - САД нема веднаш да ги укине санкциите против Русија макар и Москва да ги исполни барањата на Западот, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
- Свесни сме дека тие санкции кои ни се наметнати нема да бидат укинати било што да направиме. Дури и да кажаме дека се согласуваме со се и да носиме бело знаменце. Сенаторите и конгресмените ќе најдат милион изговори за неукинување на било што, истакна Рјабков.
Коментирајќи ги медиумските наводи за наводниот таен состанок на рускиот и американскиот претседател во Хамбург, Рјабков смета дека тие имаат за цел да го поткопаат авторитетот на Доналд Трамп.
- Оние кои го поставуваат тоа прашање на таков начин работат на поткопување на авторитетот на претседателот Трамп и да му создадат дополнителни проблеми, изјави заменик министерот, одговарајќи на прашањето дали претседателот на САД го прекршил дипломатскиот протокол и ја „предал својата земја“ на состанокот со Путин за време на самитот на Г-20 во Хамбург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...