„Билд“: Германија го стопира извозот на оружје за Турција

Берлин, 21 јули 2017 (МИА) - Петер Алтамјер денеска ниту ги потврди ниту ги негираше наводите на германскиот дневен весник „Билд“ кој објави дека Германија го запре целиот извоз на оружје за Турција.
Алтамјер, советник на германската канцеларка Ангела Меркел, посочи дека Берлин ќе разгледа дали е неопходно да се преземат понатамошни мерки за тоа прашање.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле истакна оти турските власти произволно апсат и не ги почитуваат ниту минимум конзулартните стандарди, со што Турција наликува на поранешна Источна Германија.
- Ако Турција не престане да ја игра ова мала игра, мораме да им кажеме на граѓаните дека патуваат во Турција на сопстѕвен ризик и дека ние не можеме ништо да им гарантираме, посочи Шојбле за германскиот дневен весник „Билд“.
Според анкетата на германскиот магазин „Фокус“ мнозинството Германци (77 проценти) поддржуваат прекин на преговорите за члченство на Турција во Европска унија, додека само 16 отсто изјавиле дека треба да продолжат преговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...