Москва, 24 јули 2017 (МИА) - Кремљ денеска ги предупреди САД дека новите санкции кон Русија ќе ги загрозат интересите на двете држави.
- Ние сметаме дека продолжувањето на реториката на санкции е контрапродуктивно и штетно за интересите на двете држави, посочи портпатролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Соработничката на рускииот претседател Владимир Путин, Валентина Матвијенко претходно изјави дека санкциите кои САД сакаат да и ги наметнат на Русија изгледаат како обид Русија да се истисне од европскиот енергетски пазар.
Нејзината изјава уследи откако Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да потпише нов закон за проширување на пакетот санкции кон Русија.