ЕСЧП: Сексот им е битен на жените без оглед на годините

Стразбур, 26 јули 2017 (МИА) – Европскиот суд за човекови права прогласи за виновни португалски судии поради „предрасуди“ кои во предмет зазеле став дека сексуалниот однос нема особено значење за жени во 40-ти години од животот.

Марија Морас (50) мајка на две деца покренала судски процес за надомест на штета по гинеколошка операција во 1995 година во португалска болница. Поради немарност на лекари таа веќе не можела да има нормални сексуални односи.

Судот тогаш одлучил во нејзина корист, но болницата покренала жалбена постапка завршена во 2013 година со пресуда со која за третина и е намален надоместот од првобитната пресуда.

Лисабонските судии образложиле дека на неа сексуалните односи не и се толку битни поради нејзините години.

Европскиот суд за човекови права во пресудата застанува на страната на Марија Мораис наведувајќи дека португалските судии не требало да и го намалат надоместот за штета која и била нанесена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...