Официјален Париз: Новите санкции спротивни на меѓународните закони

Париз, 26 јули 2017 (МИА) - Француското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека новите санкции за Иран, за Русија и за Северна Кореја, најверојатно се во спротивност на меѓународните закони поради нивниот екстратериторијален опфат.

Во соопштението на француското МНР исто така се наведува и дека француските и европските закони треба да бидат адаптирани и оти е неопходно да се организираат дискусии на ниво на Европска унија за потенцијалното влијание на еврпоските граѓани и компании.

Германија претходно предупреди дека би било неприфатливо САД да ги користат евентуалните санкции кон Русија како средство за индустриска политика и апелираше за соработка меѓу Вашингтон и Европа во координирање на продолжените санкции.

Германското МНР наведе дека санкциите на САД не мора нужно да бидат усвоени, како и дека не може да се прифати праксата, санкциите да се користат како превез за спроведување на индустриска политика.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа со големо мнозинство го усвои предлог закон за воведување дополнителни санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...