Песков: Предложените нови санкции се непријателски акт

Москва, 26 јули 2017 (МИА) - Предложените нови санкции кон Русија се исклучителен непријателски акт и тажна вест за руско-американските односи и нивниот понатамошен развој, соопшти денеска Кремљ.
- Ставот кон тоа (законот) ќе биде формиран врз основа на детална анализа и одлуката сигурно ќе ја донесе шефот на државата, претседателот Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека новите санкции на САД кон Русија не се ништо помалку обесхрабрувачки во однос на меѓународниот закон и меѓународните трговски односи.
- Но, да почекаме додека не биде донесен законот, посочи Песков.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа со големо мнозинство, со 419 гласови „за“ и тројца „против, го усвои предлог закон за воведување дополнителни санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја и покрај спротиставувањето на претседателот Доналд Трамп.
Белата куќа соопшти дека Трамп се уште не одлучил дали ќе го потпише законот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...