Украинскиот претседател му го одзеде украинското државјанство на Михаил СаакашвилиКиев, 26 јули 2017 (МИА) - Со указ на украинскиот претседател Петро Порошенко, поранешниот шеф на Одеската област Михаил Саакашвили е лишен од украинско државјанство, соопшти ТАСС. Во информацијата на Државната миграциска служба се наведува дека Саакашвили „свесно дал невистинити информации или фалсификувани документи". Поранешниот грузиски претседател доби украинско државјанство на 30 мај 2015 година и истиот ден беше назначен за шеф на администрацијата на Одеската област. Половина година подоцна тој поднесе оставка и ја формираше политичката партија „Движење на новите сили на Михаил Саакашвили".
|