Романија бара ЕУ да стави крај на „двојните стандарди“ во однос на храната во Источна и Западна Европа

Букурешт, 26 јули 2017 (МИА) - Романија денеска ја повика ЕУ да обрне внимание на „двојните стандарди“, користени од компаниите за производство на храна при продажба на различни производи од иста марка во земјите од Источна и Западна Европа.
Оваа пракса се смета за законска во ЕУ, под услов сите состојки на храната да се на листата.
Властите во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Бугарија критикуваа неколку меѓународни ланци на прехранбени производи заради користењето на оваа „дупка во законот“ за продажба на производи со низок квалитет во овие земји.
Романскиот министер за земјоделство Петре Даја денеска пред новинарите изјави дека според истражувањето девет од 29 прехранбени производи што се продаваат во Белгија, Холандија и Германија, се различни во Романија.
Утврдена е различна количина на калории во некои рибни конзерви, паштети од црн дроб и производи од свинско месо.
Во спроведената студија се критикува неусогласеноста меѓу марките во Западна и Источна Европа.
- Ќе побараме Европската комисија да ги забрза регулационните процедури, па да бидат создадени инструменти за анализа во секое време, во секоја држава членка на вакви двојни стандарди, рече Даја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...