Василиј Небензја е новиот постојан претставник на Русија во ОН

Москва, 27 јули 2017 (МИА) - Василиј Небензја е именуван за постојан претставник на Русија во ОН со указ од претседателот Владимир Путин, објави денеска Кремљ.
Со друг претседателски указ Небензја е повлечен од должноста заменик министер за надворешни работи.
На 25 мај Комисијата за надворешна политика при Државната дума ја поддржа кандидатурата на дипломатот, а на 29 мај е потврдена и од комисија при Советот на федерацијата.
Василиј Алексеевич Небензја е роден во 1962 година и имал различни должности во руското МНР, во руската амбасада во ОН и во други меѓународни организации во Женева.
Негов претходник на оваа функција беше Виталиј Чуркин, кој ненадејно почина во февруари годинава во Њујорк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...