Извештај: Напаѓачите во Европа не го користеле познатиот „наркотик на џихадистите“

Париз, 27 јули 2017 (МИА) - Ниту еден од терористите, кои извршиле напади во Европа од 2015 година досега, не консумирале амфетамин каптагон, кој е познат како „наркотик на џихадистите“, објави во својот извештај Францускиот центар за набљудување на дрогите.

- Постоењето на „наркотик на џихадистите“ е мит, изјави авторот на извештајот Лоран Ланиел, експерт за нарко-пазарите во Европскиот центар за набљудување на дрогите.

Според него, нападите од 13 ноември 2015 година во Париз, во кои загинаа 130 лица, создадоа илузија за поврзаност меѓу џихадистите и каптагонот, а оттаму и со Сирија.

- Никој од тие терористи не користел каптагон пред да тргне во напад, нагласи Ланиел, осврнувајќи се на извршените аутопсии, кои покажуваат дека напаѓачите не биле под влијание ниту на наркотици, ниту на алкохол.

Тој додава дека „некои информации создаваат впечаток дека борците во Сирија консумираат стимулирачки дроги, за кои се тврди дека создаваат чувство на непобедливост“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...