Москва, 8 август 2017 (МИА) - Претседателот на Русија Владимир Путин денеска пристигна во Абхазија, каде оствари средба со нивниот претседател Раул Хаџимба.
На средбата Путин истака дека Русија има „специјални односи со Абхазија“.
Рускиот претседател декларираше дека Москва ја гарантира „безбедноста и самостојноста“ на Абхазија, како и нејзината независност, изразувајќи увреност дека „така и ќе остане во иднина“, јави ТАСС.
Путин напомена за договорот за создавање на билатерален информациски-кооридинативен центар на внатрешните Министерства со цел гарантирање на безбедноста на туристите.
Тој нагласи дека властите на Абхазија треба да најдат оптимални патишта за развој на економијата, создавање на работни места, како и сопствен даночен систем.
Независноста на Абхазија, која е дел од Грузија е призната од само неколку држави, меѓу кои и Русија.