Етихад се повлекува - Ер Берлин оди во стечај

Берлин, 15 август 2017 (МИА) - Авио-компанијата Ер Берлин поднесе барање за стечај поради несолвентност откако главниот акционер Етихад ервејз, одби понатамошно финансирање.

Авиокомпанијата и неговите ќерки компании поднесоа барање за стечај во локален германски суд без барање за банкрот, се вели во соопштение на компанијата. Сепак, продолжуваат разговорите со ривалската Луфтханза за преземање делови од бизнисот.

Ер Берлин влезе во реструктуирање во обид да запре години работење со загуби вклучително и давање на лизинг на свои летала на Луфтханза.

Етихад во 2011 година го купи Ер Берлин и успеа со финансиска поддршка да го одржи во работа, но компанијата со седиште во Абу Даби ја ревидира својата европска инвестиција откако не успеа да оствари профит што ја очекуваше.

Етихад последен пат обезбеди финансирање од 250 милиони долари во април оваа година.

Ер Берлин наведува дека ќе продолжи да извршува летови. Германската Влада објави дека обезбедила 150 милиони евра кредит додека тргувањето со акцииите на компанијата е запрена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...