Шведска ги зголемува расходите за одбрана

Стокхолм, 16 август 2017 (МИА) - Шведската левоцентристичка малцинска Влада денеска соопшти дека постигнала договор со две опозициски партии за зголемување на расходите на одбраната за вкупно 8,1 милијарди круни (една милијарда долари) во следните три години.
Согласно договорот постигнат меѓу социјалдемократите, Зелените и Умерената коалициска партија во буџетот за секоја од наредните три години ќе бидат извдоени околу 2,7 милијарди шведски круни (околу 333 милиони долари) за одбраната. За периодот 2018 -2020 година средствата за одбрана ќе бидат зголемени за шест милијарди круни (750 милиони долари).
Шведските вооружени сили претходно побараа дополнителни девет милијарди круни за периодот 2017 -2020.
Буџетот за 2018 година ќе биде претставен на 20 септември.
Шведска воведе задолжителна воена служба и повторно распореди војници на стратешкиот балтички остров Готланд со цел да ја зајакне националната одбрана во момент на зголемени тензии меѓу Русија и балтичките држави.
Покрај тоа Шведска се повеќе се приближува кон НАТО иако Владата ја исклучува можноста за членство во Алијансата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...