Ги Верхофштад: Идејата за невидлива граница меѓу ЕУ и Британија е чиста фантазија

Брисел, 16 август 2017 (МИА) - Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад, кој сега е лидер на блокот либерали во Европскиот Парламент и дел од преговарачкиот тим на ЕУ за Брегзит, изјави дека британската идеја за постоење на „невидливи граници“, Велика Британија и Унијата, претставува „чиста фантазија“.
Неговата изјава претставува реакција на објавувањето на британскиот документ за позициите на Лондон во преговорите со ЕУ , во процесот на Брегзит, за идните трговски односи , по британското напуштање на Унијата, во март 2019 гдина.
Во вчера објавениот документ, владата на премиерот Тереза Меј сугерира „невидлива граница“ со земјите на ЕУ, што практично би значело , непостоење на царинска проверка меѓу Британија и Унијата.
Велика Британија претходно соопшти дека земјата ке излезе не само од ЕУ, туку и од заедничкиот пазар и од царинската унија, територија за трговија во која не се плакаат увозни давачки.
Во публикуваниот документ Лондон сега заговара постоење на „привремена царинска унија„ по Брегзит и во периодот на транзицијата, која се смета дека би го спречила ризикот за британската економија, таа да се најде на работ од економската хаварија, додека не профункционира новиот систем.
Во изјава на Твитер, Верхофстад вели дека предлозите за идните тровски односи на Британија со ЕУ, се избрзани и инсистира дека за нив може да се зборува дури откако ке се разрешат и прецизно ке се договорат другите прашања.
Ваквиот став на овој европски политичар не е негова лична позиција, затоа што тоа претхдно го има речено и шефот на преговарачкиот тим на ЕУ, Мишел Барније, а со тоа се согласваат сите зеји членки.
Предлозите на Британија се оценуваат како непроверени во практиката и како нов систем кој ке бара многу поглема админстрација од досега.
Во Лондон се верува дека неговото објавување пред третиот круг преговори во Брисел, повеке е наменет за домашни потреби, поради нервозата во јавноста околу процесот на Брегзит и поделбите во владата и меѓу владеачките ториевци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...