Најмалку 12 загинати и 80 повредени во терориситчки напад во Барселона

Барселона, 17 август 2017 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа, а околу 80 други се повредени, кога денеска комбе влета во пешаци на популарната пешачка улица Лас Рамблас, во близина на плоштадот Плаза Каталонија во центарот на Барселона, соопшти вечерва каталонскиот премиер Карлес Пучдемон.

Пучдемон, кој поради нападот го прекина годишниот одмор и се врати во Барселона, информира и дека полицијата уапсила две лица во врска со овој терористички чин.

Пучдемон на прес-конференција во Барселона посочи дека засега не е познато колку лица учествувале во нападот,

Шпанскиот весник „Публико“ претходно објави дека во врска со нападот полицијата привела две лица, од кој едниот е идентификуван како Дрис Укабир, на чие име е изнајмено комбето со кое е извршен нападот.

Одговорност за нападот презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Во соопштението, што го објави агенцијата на ИД, Амак, се посочува дека нападот го извршиле членови на групата, кои се одзвале на нејзиниот повик за изведување напади во земјите членки на антиџихадистичката коалиција, која извршува воздушни напади врз цели на џихадистите во Сирија и Ирак.

- Извршителите на нападот во Барселона се војници на Исламската држава, се наведува во соопштението што го пренесе Амак.

Каталонската полиција претходно ги негираше информациите, што ги објавија дел од шпанските медиуми дека двајца вооружени мажи се забарикадирале во еден бар во центарот на Барселона, каде држат заложници.

Весникот „Ел Паис“, пак, објави дека се слушнале истрели во зоната околу пазарор Ла Бокерија близу Лас Рамблас, додека „Вангардија“ информираше дека во престрелка со полицијата е убиен еден од напаѓачите, но полицијата ги негираше и овие информации.

Полицијата соопшти дека двајца полицајци се повредени во Барселона кога автомбил удрил во полициска патрола, која се обидела да го запре возилото за контрола набрзо по нападот во центарот на градот.

По ударот во полицајците, возачот го оставил автомобилот и побегнал но набрзо бил откриен од страна на полицијата. Засега не е познато дали овој случај е поврзан со нападот на Лас Рамблас.
На нападот во Барселона реагираше шпанската Кралска палата која оцени дека тој е дело „на убијци, обични криминалци, кои не тероризираат. - Цела Шпанија е со Барселона. Лас Ранблас повторно ќе ни припаѓа на сите нас, се додава во соопштението.

Од јуни 2016 година во Европа се регистрирани седум напади шро ги изведоа исламисти, меѓу кои и оние во Ница, Берлин, Лондон и Париз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...