Екипа деминери ги деактивирала коланите со експлозиви на напаѓачите во Камбрилс

Барселона, 18 август 2017 (МИА) - Шпанската полиција соопшти дека екипа деминери со експлозија ги деактивирала коланите со експлозиви, што ги носеле петмината осомничени напаѓачи во Камбрилс, пренесоа американските медиуми.
Претходно полицијата соопшти дека ги убила петмината осомничени напаѓачи при изведувањето на нивниот терористички напад во градот Камбрилс, што се наоѓа на 120 километри јужно од Барселона, а во кој беа повредени петмина граѓани и еден полицаец.
Двајца од повредените се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Полицијата објаснува дека засега не може да каже на кој начин настрадале повредените граѓани и полицаец во Камбрилс.
Локалните медиуми, меѓутоа, јавуваат дека автомобилот со напаѓачите се втурнал во полициско возило, а полицијата притоа ги застрелала напаѓачите, од кои едниот дури и ги нападнал со нож. Исто така, се додава дека осомничените со возилото ги прегазиле повредените граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...