Осум минувачи ранети во рускиот град Сургут, напаѓачот убиенМосква, 19 август 2017 (МИА) - Осум лица се повредени кога непознат маж со нож нападнал минувачи во рускиот град Сургут. Како што навеле сведоци на настанот, полицијата го убила напаѓачот, пренесе „Раша тудеј“. Нападот се случил во Сургут, во Ханти-мансискиот автономен округ. Идентитетот на напаѓачот, како и мотивите за нападот, се уште се утврдуваат.
|