Ватикан позитивно гледа на можноста папата Фарнциско да ја посети Русија

Москва, 22 август 2017 (МИА) - Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, денеска изрази позитивен однос кон идејата папата Фарниско да ја посети Русија, но изјави дека претстои доста работа пред тоа и да се случи, пренесоа британските медиуми.
Паролин зборуваше на заедничката прес конференција во Москва со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по нивните меѓусебни разговори. Државниот секретар на Ватикан не посочи конкретен датум за таквата посета.
Паролин уште додаде дека своите разговори во руската престолнина ги искористил за да го постави прашањето и за определените тешкотии за Католичката црква во оваа земја.
Според него, меѓу Москва и Ватикан има разлики за судбината на христијаните во определени делови од светот. Тој, меѓутоа, не даде детали за овие разговори.
Паролин, кој подоцна денеска ќе се сретне и со рускиот патријарх Кирил, изрази мислење дека Русија може да одигра важна улога во решавањето на кризата во Венецуела, поради своите блиски односи со владеачката елита во Каракас.
Русија за актуелна ја смета иницијативата на Ватикан за помирување на спротивставените политички кампуси во Венецуела, изјави Лавров по средбата, цитиран од ТАСС.
-Разговаравме за ситуацијата во Венецуела. Уште од почетокот на венецуелската криза ја поддржуваме иницијативата на Светата столица за помирување на спротивставените страни во Венецуела, рече Лавров.
„Убедени сме дека овој пристап останува актуелен и во сегашната ситуација“, додаде тој .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...