Суд:Напаѓачот од Турку стражарно да биде приведен за убиство и обид за убиство од терористички побуди

Хелсинки, 22 август 2017 (МИА) - Судот во финскиот град Турку утврди дека напаѓачот, кој уби две жени и рани уште осум лица, треба да биде стражарно приведен под сомнение за сторено убиство и обид за убиство од терористички побуди, пренесе ТАСС.
Напаѓачот се наоѓа во болница, откако беше ранет од полицијата по нападот. Одлуката на судот тој ја слушна преку видео конференциска врска од медицинската установа.
Медиумите вчера објавија дека напаѓачот од Турку е мароканскиот мигрант Абдул Рахман Мешках (18), кој имал поднесено барање за азил во Финска.
Мешках во Финска пристигнал минатата година. На крајот на 2015 година и почетокот на 2016 година тој престојувал во Германија, но, според германското Министерство за внатрешни работи, таму не побарал азил.
Освен 18-годишниот барател на азил, полицијата приведе уште четворица Мароканци, осомничени за нападите, во кои тие, меѓутоа, негираат било каква инволвираност.
Финската служба за разузнавање Супо вчера соопшти дека на почетокот на годината локалната полицијата и таа самата добиле сигнал за радиклализирањето на Мешках и дека се интересирал за екстремистичките идеологии. Меѓутоа, тие немале сознанија дека тој може да изврши атентат.
Мешках денеска се изјасни виновен за убиството на двете жени и ранувањето на шест жени и двајца мажи, но негира дека нападите му биле мотивирани од тероризам, јави неговиот адвокат, Каарле Гумерус, цитиран од британските медиуми.
Напаѓачот на судското рочиште учествваше преку видео врска од болницата, каде лежи по ранувањето во нога од страна на полицијата.
Според истрагата, Мароканецот намерно избирал жени за свои жртви, пренесоа француските медиуми.
Доколку се потврди дека нападот е терористички акт, тоа ќе биде првиот ваков случај во Финска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...