Шулц вети дека ќе го отстрани американското нуклеарно оружје од Германија

Берлин, 23 август 2017 (МИА) - Лидерот на германските социјалдемократи, Мартин Шулц најави отстранување на американското нуклеарно оружје од Германија, доколку ги добие претстојните избори против канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА.
Шулц на предизборен собир во градот Трир, рече дека тој, „како канцелар на Федерална Република Германија ќе инсистира да се тргнат нуклеарните оружја складирани во Германија".
Има информаци дека американската армија веќе децении во воена база во градот Бихел, во западна Германија, чува околу 20 боеви глави, иако тоа никогаш не е потврдено од властите.
Шулц натаму го обвини американскиот претседател Доналд Трамп, дека поттикнува „циклус на вооружување", и додаде дека „конфликтот околу Северна Кореја покажува повеќе од кога и да е, колку итно и неопходно е да се ограничи распространувањето нуклеарно оружје и да се поттикне разоружување".
Тој исто така, изјави дека Меркел планира да потроши 30 милијарди евра за модернизација на германската армија, според НАТО стандарди, за што треба да се издвои сума еднаква на два отсто од бруто домашниот проивод.
Според последните испитувања на јавното мнение, Демохристинската унија на Меркел има 38 отсто рејтинг, а социалдемократите - 24 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...