Рјабков: Русија се уште верува дека е можно да се подобрат односите со САД

Москва, 23 август 2017 (МИА) - Русија се уште верува дека е можно да бидат подобрени односите со САД, истакна денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
- Се уште сметаме дека со доаѓањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп има можност за одредено подобрување на руско-американските односи, наведе Рјабков.
- Тој констатираше дека санкциониот закон што неодамна беше усвоен без преседан од страна на американскиот Конгрес ја лишува извршната власт од можноста за укинување на санкциите против поединци и компании од Русија. Тоа е удар врз фундаментот на нашите односи, потенцираше рускиот заменик-министер за надворешни работи.
Според него дијалогот со новата администрација во Белата куќа по прашањето за стратешката стабилност засега се одвива бавно.
Тој изрази надеж дека во најскоро време ќе бидат обновени контактите во таа насока.
Од друга страна, Рјабков забележа дека во последно време има голем напредок во дијалогот со САД во однос на сириската криза.
ТАСС јави дека, на прашањето дали Москва стравува од можна вмешаност на Вашингтон во претседателските избори во Русија што ќе бидат одржани догодина, тој одговори: Навикнати сме на американската вмешаност, ние живееме со тоа. Тоа е исто како прислушувањето на телефонските разговори од страна на американските специјални служби. За тоа, се разбира, не постои никаков сомнеж.
За темата за обвинувањата против Русија за вмешаноста во претседателските избори во САД, Рјабаков повтори, дека досега Москва слушнала само обвинувања, но дека докази за тоа нема.
Во интервјуто за кинеските и јапонските медиуми, Рјабаков ја изрази загриженоста на Русија за намерата на Јапонија на својата територија да распореди американски ракетен систем за противракетна одбрана како средство за одбрана од можниот напад на Северна Кореја.
Рускиот дипломат оценува дека, санкциите против Пјонгјанг не требало да бидат наложени на неопредел рок и оти тие нема да дадат резултат без дојалог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...