Челик: Зигмар Габриел зборува како „расист“Берлин, 23 август 2017 (МИА) - Турскиот министер за ЕУ Омер Челик го обвини денеска германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дека зборува како „расист и екстремен десничар“. - Габриел не дава оригинални изјави. Тој зборува копирајќи ги екстремните десничари и расисти, истакна Челик, пренесува Танјуг. Во низата жестоки постови на Твитер, Челик го обвини Габриел дека се однесува како австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курс, кој, според неговата оценка, е „симбол на расистичка и антиимигрантска политика“.
|