Банката на ЕУ со фонд од 15 милијарди евра за помош на Западниот Балкан и јужното соседство во справувањето со мигрантите

Брисел, 19 септември 2017 (МИА) - Италија, Луксембург, Полска, Словачка и Словенија станаа првите земји-членки на Европската унија што ќе вложат средствa во Иницијативата за економска отпорност (ЕРИ) на Европската инвестициска банка, која е инвестициска програма што помага во справувањето со предизвикот на миграцијата на Западниот Балкан и во јужното соседство на Европа.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, банката на Унијата го зголемува финансирањето во овие два региона за шест милијарди евра за време на периодот од 2016 до 2020 година и преку зголемување на инвестициите до 15 милијарди евра.

Придонесите од петте ЕУ-земји, што се објавени денеска, ќе и овозможат на Европската инвестициска банка (ЕИБ) да започне посебен фонд ЕРИ и да ги забрза инвестициите во приватниот сектор и клучната инфраструктура на Западниот Балкан и во Јужното соседство.

Овие инвестиции, според банката на ЕУ, се со цел да откријат нови можности за вработување мигранти, особено за жените и младите и да помогнат да се подобри секојдневниот живот на луѓето и деловното опкружување не само во заедниците од кои доаѓаат многу од мигрантите, туку и во заедниците што им се домаќини и земјите на транзит.

Иницијативата за економска отпорност (ЕРИ) се очекува да помогне во решавањето на основните причини за миграција и е комплементарна со неодамна договорениот план за надворешни инвестиции на Европската унија.

Според ЕИБ, Полска и Италија се најголеми контрибутори со 50 и 45 милиони евра, по што следат Словачка (вети два милиона евра), Словенија (0,5 милиони евра) и Луксембург (0,4 милиони евра).

Според заменик-претседателот на ЕИБ, Дарио Сканапиеко, кој е одговорен за Иницијативата за економска отпорност, овие придонеси од Италија, Луксембург, Полска, Словачка и Словенија значат пресвртница за Иницијативата за економска отпорност на банката на Унијата и овозможуваат да се интензивираат напорите како дел од заедничкиот одговор на ЕУ на предизвиците со присилното раселување и миграцијата.

- Инвестициите под ЕРИ се со цел создавање надеж и можност за бегалците, мигрантите и на локалното население. Иницијативата е да се помогне во шокот што ги погаѓа овие региони, на пример, од влијанието на сириската бегалска криза. Ние треба да им обезбедиме на луѓето во овие земји перспектива за отворање работни места, основни услуги и одржлив развој, посочи вицепретседателот на Европската инвестициска банка, Сканапиеко.

Според вториот човек на ЕИБ, Иницијативата за економска отпорност е побарана од сите 28 земји-членки на Европската унија на крајот од минатата година со цел стимулирање на инвестициите во приватниот сектор и виталната инфраструктура на Западниот Балкан и во јужното соседство на Европската унија. Тоа се очекува да создаде работни места и да го зголеми обезбедувањето услуги како што се енергетиката, транспортот, водата, канализацијата и образованието.

Според банката на ЕУ, благодарение на поддршката на донаторите како што се посочените пет земји, ЕИБ може да понуди дополнителни финансиски средства за концесија, зголемена поддршка за приватниот сектор, финансирање на влијанието и техничката помош за овие региони до 2020 година, при што се во тек дискусии со голем број други потенцијални владини и невладини донатори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...