Дислоцирани мигранти од импровизиран камп во северна Франција

Париз, 19 септември 2017 (МИА) - Француската полиција дислоцираше неколку стотици мигранти од еден импровизиран камп во местото Гранд Сент, во близината на Денкерк во северниот дел на Франција.
Француското Биро за миграција и интеграција соопшти дека во центрите за сместување на мигранти се обезбедени 400 места за овие лица.
Градоначалникот на Гранд Сент, Дамиен Карем изјави дека во кампот мало меѓу 350 и 400 мигранти.
- Временските услови се влошуваат. Според податоците на моите служби во кампот има 56 деца и околу 40 жени. Нема да дозволиме продолжување на таквата состојба, рече Карем.
На почетокот на 2016 година локалните власти на Грант Сент во соработка со организацијата Лекари без граници, отворија мигрантски камп во кои беа обезбедени услови за сместување на мигранти во согласност со меѓународните хуманитрани стандарди.
Меѓутоа, во април годинава кампот речиси целосно изгоре во пожар, поради што околу 1.500 мигранти останаа без место за сместување и дел од нив го формираа импровизираниот камп што беше дислоциран денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...