Џонсон демантира дека ќе поднесе оставка

Лондон, 19 септември 2017 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон ја демантираше денешната вест на британскиот „Телеграф“, оти тој планира да поднесе оставка.
Весникот пишува дека Џонсон би можел да поднесе оставка пред викендот, доколку британската премиерка Тереза Меј не ги прифати неговите барања во однос на Брегзит.
Се очекува дека в петок Меј ќе одржи говор за Брегзит, а в четврток ќе одржи седница на кабинетот.
„Телеграф“ наведе дека блиските соработници на Џонсон, веруваат дека тој не би имал друг избор освен да се повлече, доколку Меј заговара за идејата за постојано плаќање за пристапување кон единствениот пазар на Европската унија.
На прашањето на новинарите во Њујорк, дали планира да поднесе оставка, Џонсон одговори „не, секако дека не“.
- Ќе имаме фантастичен Брегзит. Ние работиме заедно, а клучната работа е да обезбедиме Велика Британија да може да ги искористи можностите што ги нуди Брегзит, нагласи Џонсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...